Кога те бива за се: Пандов се збогати со растот на крипто-валутите по победата на Трамп

1193

Победата на Трамп предизвика раст на американските берзи, на доларот, но и на крипто валутите.

Најпознатата крипто валута биткоин порасна за 39% во однос на јуни, а вчера достигна рекордна вредност од историјата од 89.000 долари.

Оние што имаат биткоини може да слават и треба да почестат. Еден меѓу нив е и македонски функционер, директорот на затворската Управа за извршување на санкции, Александар Пандов.

Тој во имотниот лист доставен до ДКСК пријавил дека има 10 биткоини, а во време на пријавувањето ги проценил на 600.000 евра односно 60 илјади евра (63,7 илјади долари) по парче.

Но според новата цена по американските избори, сега неговите 10 биткоини вредат повеќе и според берзанската цена, Пандов во дигиталната валута има 89.000 долари (околу 83.840 евра). Заработката на директорот на македонските затвори од биткоини за помалку од 5 месеци е 23.840 евра.

претходниот член,Проверете ги Вашите сметки: Имате прилив на пари – започна исплатата
Следната статијаСТРАШНО: Едно лице тешко повредено – Експлодира бојлер во стан, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања во соседна Србија