Единец на мајка, прости ни сине не можевме да те сочуваме – почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

10032

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата мајка, Весна, со трогателна порака се прости од својот единствен син.

Во текот на неговата борба, Македонија се обедини за да му помогне на Бошко. Се организираа бројни хуманитарни акции за собирање финансиски средства, овозможувајќи му да замине на лекување во Турција.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку семејната фондација „Никола Јанчев“, донираше 10.000 евра за неговото лекување.

И покрај сите напори и поддршката од хуманите граѓани, Бошко не успеа да ја победи болеста. Неговата мајка, Весна, со трогателна порака се прости од својот единствен син.

Неговата борба и поддршката што ја доби од заедницата остануваат сведоштво за човечката солидарност и хуманост.

-Единец на мајка. Звездо наша нај сјајна, душа чиста како анѓел,срце пречисто како солза радосница, светлино наша ни ѓи исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирње,емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитивуван и подржуван . Биди спокоен чедо наше таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечни . Вечен спокој на душата твоја , те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине не можевме да те сочуваме! Биди анѓел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ,НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО, напиша мајката Весна.

Претходна вестМајка на три деца загина во страшен судир: Возачот на другиот автомобил заврши во притвор
Следна вестГо оставиле во гаќи, тешко беше да се гледа што му направиле – Ликвидацијата која им влела страв во коски на сите од кланот Земун