Патниот правец Кратово – Пробиштип, е затворен за сообраќај за тешки моторни возила, поради наноси од снег, велат од АМСМ.
Патниот правец е затворен од 7 часот утрово, и не е познато до кога ќе трае.
Сообраќајотна државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на собораќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.