Каква казна заслужуваат: На лице место затекнати повеќе лица како палат депонии – кои го загадуваат воздухот

82

Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта Скопје и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација повеќе часови работат за гаснење на подметнатите пожари на депонијата во Визбегово.

Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации.

Во текот на денешниот ден Инспекторатот за животна средина затекна сред палење депонии лица на повеќе локации за кои е изречена глоба и изготвен поднесок до соодветните институции за одговорност.

За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 25 сторители.

Се досега единствено градот Скопје реагира, иако на територијата на градот има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат, но за истото не се постапува иако имаат законска обврска.

Апелираме до Владата на Р. Македонија, а особено до Министертвото за животна средина за кое ова е основна и исклучива надлежност за постапување, на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад и негово палење низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

претходниот член,Како се ликвидирани Кум и Шиптар во акцијата „Сабја“: Лидерите на кланот Земун – малку познати факти
Следната статијаЛегија по налог на Милошевиќ се обидел да го убие Вук Драшковиќ – како дошло до атентат?