Вечерва во Штип е убиена Емилија, остави зад себе дете: Убиецот е поранешен затвореник

3702

Нови детали за грозоморното убиство вечерва во Штип носи локалната ТВ Стар.

Имено како што наведува телевизијата вечерва убиената 29 годишна Емилија П. од Штип трагично го заврши животот од нејзиниот сопруг, повратник од затвор.

„Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.

Емилија во брак со убиецот Ф.З. (25) од Штип е осум години, а врската за целиот период им била турбулентна. Тој немал постојана работа и често имал активности од другата страна на Законот. Во последниот период таа живеела во близина на хотел ресторанот Бриони заедно со нејзиното дете кај родителите, каде и е убиена.

Емилија е дете од мешан брак помеѓу Ромка и Македонец, а нејзиниот сопруг убиец е Ром.

Претходна вестУжас во Штип ја потресе Македонија: 25-годишник сам си пријавил дека ја убил помладата партнерка
Следна вестДенес е задушница: Ова се обичаите и верувањата