Македонското министерство за надворешни работи инфомира дека нашата амбасада во Србија е во контакт со српските власти, но повеќе информации во врска со лицето со македонско државјанство кое настрада во несреќата во Нови Сад не открива.
„Тоа што можеме во моментов да кажеме е дека нашата амбасада е во контакт со српските власти. Повеќе информации ќе имаме покасно“, велат од МНР.
За потсетување, во вечерашното обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ беше потенцирано дека меѓу 14-те загинати лица во страшната несреќа во Нови Сад е и лице од Македонија.