Трагедија каква што не се памети во поновата историја: Се урна настрешница на железничката станица, се стравува дека има загинати во Нови Сад

Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На терен се седум екипи на Брза помош и три противпожарни возила, а има и повредени, објави Н1.

Инцидентот се случил околу 12:00 часот, по што железничката веднаш била затворена.

На местото на несреќата има багери и камиони кои ги расчистуваат урнатините и трагаат по граѓани кои можеби се под урнатините. Се стравува и дека има загинати.

Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година.

Претходна вестНе успеав да ја свртам главата, куршум ме погоди – Наставничката која беше ранета во пукањето во Рибникар
Следна вестОсум загинати во несреќата во Србија, спасувачите се борат да извлечат живи луѓе – Вучевиќ: Црн петок за Србија