Српските цариници нашле дрога скриена во дезодоранс, како и во други шишиња меѓу козметички производи, кај патникот од автобусот, кој од Унгарија сообраќал кон Србија преку граничниот премин Хоргош.
Царинската управа преку соопштение наведува дека марихуана е пронајдена во шише со дезодоранс залепено во ранецот на сопатничката, како и грутка хашиш во паричникот, а во козметичката кеса е пронајдено шише полно со хероин.
Неколку дена претходно, во новосадската пошта, во една од пратките што пристигнувала од Унгарија, бил пронајден „многу необичен“ преклопен џебен пиштол „Lifecard 22 WMR“, со два куршуми и две мети за пукање. Царината, не наликува на оружје.
Понатамошна надлежност во двата случаи презедоа Министерството за внатрешни работи и Обвинителството.