Денес и официјално започна грејната сезона за претстојната 2024/2025 година.
ЕСМ ги повика граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење, а оние кои што имаат било какви проблеми, истите да ги пријават.
Граѓаните во исчекување велат дека се надеваат оти становите ќе им бидат топли, бидејќи овие неколку дена, велат било прилично студено па морале да вклучуваат дополнителни грејни тела за да се стоплат.
Грејната сезона нема да започне за училиштата во Карпош, од каде побарале за нив грејната сезона да почне на први следниот месец.
Според податоците на ЕСМ, околу 170 објекти во Скопје моментално се затворени и во нив не може да се врши испорака на топлинска енергија поради дефекти на инсталацијата или проблеми во потстаницата.