По 25 години во Сител, Ивона Талевска замина во друга телевизија – еве каде ќе работи

38355

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител.

„Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“, напиша Талевска на Фејсбук.

Во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот трансфер.

Останатото ќе го видиме на малите екрани…

претходниот член,Што се случува во Чаир? Вечерва ново пукање – има повредени
Следната статијаГолема мака за многумина: Не работат Фејсбук и Инстаграм – Над 15.000 корисници пријавиле проблеми