Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

116

Бугарија сака да ја вовлече Македонија во нивното предизборие, но нема да влегуваме во такви замки, вели премиерот Христијан Мицкоски по ставот на бугарското министерство за надворешни дека процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу Европската унија (ЕУ) и земја-кандидат, што го понуди премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Мицкоски вели дека предлогот бил даден во име на унгарското претседателство на ЕУ и додаде дека е подготвен за разговори, но не со уцена и ултиматум.

Бугарското МНР вчера излезе со став дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.

Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, е ставот на бугарското министерство.

претходниот член,ДЕТАЛИ: 19-годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!
Следната статијаНа интернет „никнуваат“ нови Понзи шеми: „Златната треска“ наречена Конти измами повеќе од 14 илјади граѓани