Таеквондо Клубот Младост трет во Охрид: Калина Стефкова најдобра пионерка

586

Таеквондо Клубот Младост трет во севкупниот пласман на Охрид Опен 2024.

Калина Стефкова најдобра пионерка.

Викендов во Охрид се оддржа одлично организираниот Охрид Опен 2024 под покровителство на Македонската Таекводно Федерација. На настанот учество земаа повеќе од 200 натпреварувачи од земјава и странство.Сосема заслужено високото трето место во севкупниот пласман го понесоа таеквондистите на ТК Младост од Скопје.

Под водство на тренерот Стефан Миленковски,натпреварувачите на ТК Младост покажаа одлични поединечни резултати во сите категории.

За издвојување се седумте златни медали и тоа на Калина Стефкова, Марко Стевков, Андреа Ѓорѓевска, Лукијан Петровиќ, Давид Петковски, Ева Јовчевска и Славјан Кузмановски.

Исто така вреди да се напомене дека за најдобра пионерка е прогласена Калина Стефкова од ТК Младост што дава дополнителна тежина за успехот на клубот на овој значаен настан. ТК Младост со остварување на одличен успех на секој сериозен настан се наметнува во врвот на македонското таеквондо.

претходниот член,Кој сака да плати 80.000 евра за автомобил?
Следната статијаЈенс Леман уапсен на Октоберфест