Апасиев реагира: Во 21:20 часот, Гаши закажа Седница за во 22:00 часот

292

Пратеникот и лидер на Левица објави на својот профил, како косоварскиот балист Африм Гаши, избран за претседател од ДПМНЕ, закажува итна седница во рок од 40 минути, за да го продолжи шверцератот за реструктирање на Владата и министерствата на предлог на Мицкоски.

Еве како Африм Гашиси го замислува македонското Собрание. Во 21:20 закажува седница за во 22:00 часот! Сета среќа јас живеам во Скопје, ами еве во Охрид да живеев – три саата ти треба најмалце за да стигнеш!? – напиша Апасиев.

Апасиев додаде дека нешто и гори на новата коалиција под нозе уште втората седница.

Африме, да не гори нешто у парламентот бе друже, па вака утума шо свикуеш седници бетер од Таљат.

Претходна вестДеспотовски: Упатувам покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на серија на јавни дебати
Следна вестБомба од Собрание доцна вечерва: ДУИ ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за реорганизација на министерствата