Милошоски: Дали Курто, Селим, Мерко и Иџет ќе ја потпишат петицијата на ДУИ до Брисел?

146

Очигледно е дека ДУИ сѐ уште не може да се помири со политичката реалност дека ќе оди во опозиција. Дел од владините функционери од ДУИ, плашејќи се од одговорност пред законите, не сакаат да прифатат дека во Македонија и без нив може да се формира влада поддржана од стабилно мнозинство од најмалку 78 пратеници и со легитимитет добиен од над 600.000 гласачи, ги коментира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски последните најави на ДУИ.

„И во знак на протест сега ќе потпишуваат петиција до ЕУ во која веројатно ќе доминираат фразите за тоа дека сите други политички чинители се лоши, а само ДУИ се оние најдобрите кои се залагаат за демократскиот легитимитет, за владеењето на правото, евро-атланските партнерства и стабилноста на државата.
Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма.
Но, ќе биде навистина интересно да се види дали меѓу функционерите потписници на тоа писмо ќе бидат и:
– Курто Дудуш, и дали во писмото ќе има дел за информациите што обвинителот Ислам Абази ги знае за (не)законските постапки од областа на урбанизмот во општината Шуто Оризари.
– Селим Адеми, и дали до неговиот потпис ќе стои упатство за уникатната примена на правото во Републичкиот судски совет за незаконито менување на претседател.
– Рамиз Мерко, со потпис и објаснување за процесот на ветинг во корелација со црните листи на стратешките партнери и
– Иџет Мемети, со потпис и експликација колку стабилна и приходна може да биде меѓуетничката соработка во правосудството на еден ‘про-европски’ тандем, особено ако едниот е обвинител, а другиот vрховен судија.
И сигурно нема да се пропушти на оваа петиција да ѝ се закачи ‘европското знаменце’ што ДУИ 100 пати го злоупотреби во Собранието, за да може истото да биде разгледано по скратена постапка во Брисел, Анкара, Софија, Вашингтон и Лондон“, напиша Милошски на својот фејсбук-профил.

Претходна вестПреговорите за новата Влада при крај
Следна вестТурција сака да се приклучи во БРИКС