Руски напад на Киев: Уништен енергетски објект, оштетена електроенергетска мрежа ,избувнал пожар во зграда

144

Во руски ракетен напад на Киев уништен е енергетски објект, а оштетена е електроенергетска мрежа соопшти денес енергетската компанија ДТЕК.

Најголемата украинска приватна енергетска компанија наведе во објава на Телеграм дека снабдувањето со струја во најголем дел е обновено со помош на резервни извори, но и дека се уште има корисници кои се без електрична енергија.

Началникот на Киевската администрација Сергеј Попко изјави дека поради фрагменти од проектил избувнал пожар во нестанбена зграда во Киев.

Според првичните информации во нападот нема жртви а градските власти соопштила дека украинската против воздушна одбрана ги соборила сите руски авиони.

Претходна вестВреме е за финале, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд имаат битка на Вембли за големиот пехар
Следна вестПреговорите за новата Влада при крај