Алармантно: Депонијата го загуши Кочани како никогаш досега, падна и оставка на директорот на комуналнотo претпријатие

158

Кочанската депонија во близината на село Бели во последните два месеци интензивно гори и испушта непријатна миризба која што се шири низ градот. Квалитетот на воздухот е на незадоволително ниво, а реакциите на граѓаните од ден на ден се се пожестоки.

Особено последните денови како што сведочат кочанчани на социјалните мрежи. Велат дека едноставно надвор не може човек да дише нормално.

А и глетките крај депонијата се непријатни. Едноставно влезот е затрупан од отпад кој е и на самиот пат кој води кон СРЦ Пониква. Причина за ова е што од неодамна отпадот на оваа депонија го депонираат и Општините Зрновци, Виница и Чешиново – Облешево.

Вчера на седница на Општина Кочани оставка си поднесе и директорот на КЈП Водовод, претпријатие кое стопанисува со депонијата, Перо Георгиевски.

Причините засега во јавноста се непознати, но секако и депонијата би можело да е една од причините.

Загрижувачки како што велат граѓаните е тоа што не само што нема реакција на надлежните за решавање на проблемот, туку и што нема најави. Едноставно сите молчат и седат со скрстени раце додека градот се гуши, а стравувањата се дека ќе има бројни здравствени последици за граѓаните.

Претходна вест„Гаши целиот мандат ќе зборува на албански јазик“ – Кабинетот на собранискиот спикер и одговори на Костадиновска – Стојчевска
Следна вестВреме е за финале, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд имаат битка на Вембли за големиот пехар