ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

3976

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски пораз на претседателски и парламентарните избори, каде партијата заедно со коалицијата успеа да освои 18 пратенички мандати.

По поразот, актуелниот претседател Димитар Ковачевски најави дека ќе следуваат големи промени во партијата, а неколку денови потоа потврди и дека тој нема намера повторно да се кандидира за претседател на СДСМ.

Како што дознава нашата редакција, од извори во партијата, прв поголем чекор по поразот на СДСМ ќе биде состанок на Централниот одбор, кој ќе се одржи утре (четврток, 30-ти мај).

Сите членови на ЦО на СДСМ ќе бидат повикани на тој состанок, а истиот ќе биде во проширен состав, односно дополнително ќе бидат повикани и пратениците, градоначалниците и претседателите на партијата.

Ова веројатно ќе биде еден, ако не и најбурниот ЦО кој некогаш се случил во СДСМ. Ќе се разговара за сите проблеми, за сите грешки, за поразот на изборите, но и за идните чекори односно кој ќе биде новиот претседател и кој ќе биде во врвот на партијата во иднина.

Претходна вестАфрим Гаши избран за претседател на Собрание
Следна вест„Гаши целиот мандат ќе зборува на албански јазик“ – Кабинетот на собранискиот спикер и одговори на Костадиновска – Стојчевска