Фокус дознава: Битиќи си оди од СДСМ – веќе е познато каде ќе премине

2331

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект, неофицијално дознава „Фокус“.

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, дознава „Фокус“.

Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.

Иако внатрепартиските избори практично значат дека цело раководство е во оставка, сепак Ковачевски не поднесе оставка на јасен и недвосмислен начин. Сепак, тоа го направија дел од членовите на најтесното раководство, меѓу кои прв беше Битиќи.

„Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, напиша Битиќи.

Според него, неговиот чин претставувал апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

„Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции“, напиша Битиќи.

Инаку, Битиќи беше на врвот на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица веднаш после Оливер Спасовски и стана дел од новиот парламентарен состав, меѓутоа во пакет со оставката од партиската функција не поднесе оставка и од пратеничката функција.

Целиот текст на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

Претходна вестПочина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка
Следна вестБитиќи доцна вечерва ГРМНА: Не одам никаде, тука сум – цврсто стојам на патот на социјалдемократијата