Русите објавија снимка од разрушена зграда по украинскиот напад- загинаа 7 луѓе (ВИДЕО)

389

Најмалку седум лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на дел од катна зграда поради украински ракетен напад во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, јавуваат руските медиуми.

Руски извори тврдат дека се работи за украински одмазднички напад за ненадејна офанзива на северот од областа Харков во Украина.

Снимките од местото на настанот објавени од гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, покажуваат дека најмалку 10 ката се урнале. „Градот и регионот Белгород беа цел на силно гранатирање од страна на украинските вооружени сили“, рече Гладков.

„Од директен удар во станбена зграда се урна целиот влез од десетти до првиот кат“, додаде тој. Првичните руски извештаи укажуваа дека најмалку три лица загинале, а 20 лица би можеле да бидат под урнатините на зградата.

Нема коментари од Украина. Ројтерс не можел веднаш да ги потврди извештаите од бојното поле од ниту една страна.

претходниот член,Грчката амбасадорка ја напушти салата поради заклетвата на Силјановска без „Северна“
Следната статијаЛога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска