Нашиот портал направи интервју со заменик Генералниот Директор на АД Мепсо, Никола Рилак, во кое открива многу интересни, но и непознати работи за јавноста.
-Поминаа две години откако ја извршувате функцијата Заменик Генерален Директор на АД Мепсо. Кој беше вашиот најголем предизвик?
Рилак: Во изминатите две години како Заменик Генерален Директор на АД МЕПСО се соочив со голем број на предизвици во реализација на проекти и активности кои се во функција за долгорочен одржлив развој на електропреносниот систем (ЕПС) на државата. Мотивацијата е уште поголема поради фактот што во овој период од две години, како АД МЕПСО успешно се справивме со најголемета енергетска криза и непречено обезбедивме сигурност и стабилност на системот за пренос на електричната енергија. Како инженер за телекомуникации и Заменик Генерален Директор на АД МЕПСО особено сум горд на голем број на проекти во кој директно учестував, ги равзивав и спроведував заедно со моите колеги на кои сум особено благодарен за нивната посветеност и стручност при нивна реализација.
-Дали улогата на Заменик Генерален Директор Ви прави дополнителна обврска и одговорност во работењето?
Рилак: Не би се согласил, затоа што како инженер во одделот за Телекомуникации секогаш одговорно и посветено постапував кон извршување на работните задачи, но ако мислите на одговорноста од апсект на менаџирање со АД МЕПСО, сметам дека одговорноста е далеку поголема, пред се поради значењето на електропреносниот систем во нашата држава. Искуството стекнато во изминатиот период ми дава за право да кажам дека важноста на оддржувањето и развојот на ЕПС е значаен сегмент за севкупниот економски развој и напредок на економијата кај нас.
-Споменавте енергетска криза и справување со истата, која беше улогата на АД МЕПСО во тој период?
Рилак: Морам да истакнам дека во периодот на енергетската криза, АД МЕПСО се соочи со неколку предизвици, но сепак сигурноста и достапноста со електрична енергија на нашите корисници остана во рамки на стандардите за квалитет и количини на потребната електрична енергија за крајните потрошувачи.
-Што е она што Ве прави особено горд како млад човек кој е во улога на менаџер?
Рилак: Една од позначајните работи на кои што сум навистина горд како млад човек кој до пред неколку години беше студент, ми претставува потпишувањето на Меморандуми за соработка со високо образовни институции во државата со што обезбедивме финансиска поддршка на идните инженери, каде особена чест ми претставува што за прв пат потпишавме со Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, каде што ги завршив моите студии. На овој начин како компанија покажавме еден висок степен на општествена одговорност со што даваме голем придонес за обезбедување на квалитетен кадар кој е несомнено важен во работењето.
-Кои активности би ги истакнале во делот на меѓународната соработка?.
Рилак: Имајки ја во предвид улогата на преносните системи во енергетската заедница, важно е да се каже дека нашиот ЕПС не функционира островски, туку во еден интегриран регионален и европски концепт. Европската мрежа на преносни системски оператори за електрична енергија ENTSO-E во која сме активна членка, безбедноста на меѓусебното поврзување на ЕПС во сите временски рамки на пан европско ниво и оптимално функционирање и развој на европските меѓусебно поврзани пазари на електрична енергија е наша обврска за целосна интеграција на елктричната енергија произведена од обновливи извори на енергија. Ова е само еден мал дел од обврските и активностите што како одговорно лице сум ги спроведувал на меѓународно ниво, а тука се и голем број на конференции, форуми, саеми и други настани од областа на енергетскиот сектор.
-Кои се вашите препораки и насоки во функција на одржливиот развој на ЕПС?
Рилак: Несомнено дека инвестициите во нови 110 kV и 400kV далеководи и трафостаници, пред се поради потребата од приклучување на фотоволтаичните и ветерните електрични централи се важен фактор за стабилност и одржливост на ЕПС. Исто така, одржувањето на постојната енергетска преносна мрежа е значаен сегмент кој допринесува за обезбедување на квалитетни услуги од страна на АД МЕПСО. Како трет фактор за кој сметам дека е од особена важност е човечкиот потенцијал и знаењето на инженерскиот и техничкиот кадар. Воедно би напоменал дека сум горд на фактот што АД МЕПСО во изминатиот период беше високо рангирана во работењето што исто така сметам дека е многу важно за успешноста и ефикасноста во истото.
-На повеќе наврати рековте дека вработените се важен фактор, во однос на нив што конкретно имате направено за да се мотивираат истите?
Рилак: Во однос на вработените морам да кажам дека ја имаат целосната моја поддршка. Имено, лично се заложив за потишување на нов Колективен договор со кој се регулираат правата на вработените, а воедно се обезбеди и зголемување на одредени бенефиции во делот на плата и надоместоци. Сакам да го напоменам и фактот дека во целост се исполнети обврските за финансиска поддршка на синдикалните организации согласно колективниот договор.
-За крај, што сметате дека е важно дополнително да истакнете во делот на вашето работење?
Рилак: Како прво би сакал да истакнам дека сум прв член на Управен одбор на АД МЕПСО кој потпиша договор во кој се откажувам од исплата на 12 плати како опремнина. Исто така за прв пат се направи реорганизација на службата за возила, со што возачите на членовите на Управниот одбор, се ставија во функција на користење на сите вработени во компанијата. За крај би сакал да истакнам дека бев, сум и секогаш ќе бидам целосно достапен за комуникација и соработка со сите вработени, како и за сите засегнати граѓани и корисници на ЕПС.