НЕСРЕЌА: Грк во Дојран излетал со авотмобилот – се повредил

380

Вчера во полицијата во Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н. (70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на полициската станица Гевгелија.

претходниот член,Четворица полицајци убиени во акција во САД, осомничениот пукал во нив
Следната статијаМОН: Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје