Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

1789

Јована Мојсоска, носителка на листата за пратеници од Петтата изборна единица и Генерален секретар на Левица, ги повика претставниците на ДПМНЕ во пресрет на изборите, „заедно да не дозволиме да се потпишат уставните измени”.

„Левица во Битола во изминатиов период докажа дека се спротивстави на Софиската платформа. Тука ние организиравме неколку протести и успеавме да го затвориме Фашистичкото дувло ,Ванчо Михајлов’, кое никна токму тука во Градот на Стив Наумов.

Затоа во пресрет на 8 мај, ние подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не се донесат уставните измени и да се спречи внесувањето на Бугарите во Уставот. Левица е тука и Левица е отворена да се спротивставиме на сите уцени, кои доаѓаат од надвор, како и на уцените кои доаѓаат од внатре”, истакна Мојсоска.

Мојсоска повика заеднички да ги заштитиме интересите на Македонија и на македонскиот народ.

Заедно да ги поставиме црвените линии на сите уцени за федерализација на Македонија, како и за желбите на одредени партии – изборот на претседател да се врши во Собранието.

Мојсоска нагласи дека е потребно повторно да се врати сјајот на Битола со обновување на инфраструктурата и децентрализација на образованието, со што Битола повторно ќе стане студентски и образовен центар, а младите ќе ја препознаат својата иднина во Битола.

Претходна вестУживајте додека можете: Денес сонце, ама за први мај – дожд и грмежи
Следна вестЗемјотрес ја разбуди Србија – бил толку силен што ги разбудил сите од сон