Среќен роденден Ѓокица Лукаревски

1321

Денес роденден слави Ѓокица Лукаревски. Тој е роден во Скопје на 29-ти април 1951 година. Тој е македонски глумец, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.

Само една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје.

Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.

Ѓокоца Лукаревски е добитник е на бројни награди и признанија, во продолжение дознајте и кои:

Главната глумечка награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора.
Награда за најдобро глумечко остварување Војдан Чернодрински (1984)
Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.
Награда за најпопуларно ТВ-лице на годината на “Екран” (1995)
Награда за најпопуларно ТВ-лице според списанието “Вечер” (1996)
Награда за најдобра улога на фестивалот во “Котор” (2010)
Награда за животно дело Анче Џамбазова (2020)[4]
Награда за животно дело на фестивалот “Гола месечина” (2020).
Награда за животно дело “Свети Јоаким Осоговски” (2021).
Орден за заслуги за Македонија” (2024).

Претходна вестДоаѓа сонце, па пресврт со времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена
Следна вестКовачевски: Али Ахмети прави грешка со скандирањата УЧК, тоа никому не носи добро