Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

566

Над 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетен фестивал во Штутгарт, јави „Би-Би-Си“. Непознато е како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на лакалната власт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот – посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

Претходна вестМојот сон е сите Албанци да живеат во една држава, вели Тачи
Следна вестРусин избоде до смрт двајца Украинци во Германија