Страшна вест ја вознемири државата: Тешко повредено 20-годишно момче откако со „матиз“ излетал од пат

209

Дваесетгодишно момче е тешко повредено откако со „даеву матиз“ излетал од патот за село Подгорци.

„На 15.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, патничко возило „даеву матиз“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Подгорци, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Претходна вестДве лица се истепале на партиски собир
Следна вест(Видео) Џафери наполни 62 години – На тортата напишано „ Среќен роденден премиере“