Портпаролот на ИДФ (Израелски одбрамбени сили) Даниел Хагари изјави дека 99 отсто од околу 300 проектили истрелани од Иран кон Израел во текот на ноќта биле пресретнати од воздушната одбрана.
-Иранската закана беше пресретната со воздушна и технолошка супериорност на ИДФ, во комбинација со силна коалиција со сојузниците, ние пресретнавме огромно мнозинство ракети, вели Хагари.
Тој рече дека Иран лансирал 170 беспилотни летала кон Израел, а ниту еден не навлегол во израелскиот воздушен простор.
Сите беа соборени надвор од границите на земјата од Израел и неговите сојузници.
Беа лансирани уште 30 крстаречки ракети, од кои ниту една не влезе во израелскиот воздушен простор, рече Хагари, од кои 25 беа соборени од израелските воздухопловни сили.
Хагари вели дека Иран истрелал 120 балистички ракети кон Израел. Многу од нив беа соборени од системот за воздушна одбрана со долг дострел Arrow, иако некои од ракетите успеаја да ја заобиколат одбраната на Израел, погодувајќи ја воздухопловната база Неватим во јужен Израел.
Хагари, пак, тврди дека е причинета само помала штета на инфраструктурата во Неватим, а воздухопловната база работи вообичаено.