По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, денеска имав исклучителна можност, во Штип да присуствувам на изложбата на ромски носии. Сабина ми раскажа интересни традиции.
-Единственоста и оригиналноста на ромската култура, традиција и јазик е наше богатство, драгоцен камен во мултиетничкиот мозаик кој што не прави посебни и препознатливи во светот.
-Важно и за почит е учеството на ромската заедница во македонското општество, како конститутивна и конструктивна заедница.
Почитувани припадници на ромската заедница, нека ви е честит празникот. Имајте просперитет и успеси на сите полиња.
-Да продолжиме, заедно, за целосна вклученост, без дискриминација, со еднакви можности за сите.