Фуркан излезе на слобода и порача: Нека објават една снимка како напаѓам полицаец и повеќе нема да ме видите – ама јас имам други снимки, се ќе објавам

277

Новинарот Фуркан Салиу е пуштен од полициска станица, откако беше приведен за време на фудбалски меч во скопското село Коњаре.

„Поради вашата поддршка и поддршката на овие луѓе што се собра тука сум ослободен. Во некоја различна ситуација сега ќе бараа притвор за мене, морам да кажам, без ниту еден доказ. Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец“, кажа Салиу, кој додаде дека без негово присуство му била претресена колата и дека неговиот пиштол поседува дозвола.

„Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат. Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Им реков дека сум новинар, сите таму ме познаваат, пред неколку дена заедно бркавме криминалци“, рече Салиу.

претходниот член,Шеваљ Муареми кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен во Дубаи
Следната статијаПо смртта на братот, останува таткото на осомничениот за убиството да каже каде го ставиле телото на малата Данка