Лукаревска во друштво со ценети лекари од Велес: Здравствените работници го заслужуваат најдоброто – честит да е денот!

189

Во чест на Светскиот ден на здравјето, денеска во Велес, со моите пријатели лекари ги спомнавме големите имиња на заслужните за здравјето на велешани и на многу луѓе во Македонија. Д-р Цветан Арсов, со диплома број 1 на Медицинскиот факултет во Скопје, педијатар кој се грижел за здравјето на илјадници деца и мајки; д-р Димитар Смилев, основоположник на македонската стоматологија; д-р Никола Поп Стефанов, офталмолог со светско реноме и кариера…

И денес имаме медицински кадар кој е пожелен за светот, но е неопходен дома.

Затоа зборувавме за тоа што треба дополнително да направиме за здравството во иднина.

Здравствените работници го заслужуваат најдоброто, зашто здравјето е најважно.

Да го чуваме здравјето, да го зачуваме достоинството на здравствените работници и достоинството на пациентите.

Од Велес, на сите здравствени работници, честит да е денот!

претходниот член,ТРАГЕДИЈА: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ почина во полициското одделение во Бор, соопшти српското МВР
Следната статијаПозната причината поради која почина братот на еден од убијците на малата Данка