Вучиќ: Имаме лоши вести, Данка е убиена

284

Александар Вучиќ, претседателот на Србија изјави дека полицијата уапсила две лица кои се осомничени за убиство на девојчето Данка Илиќ, која исчезна на 26 март.

– Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото. Со какви чудовишта си имаме работа – резигнирано рече Вучиќ.

Натажени беа лицата на претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ и на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Претходна вестПРЕСВРТ: Се огласи жената со девојчето во Виена: Тоа не е Данка, тоа сме јас и мојата ќерка
Следна вестЈа удриле со автомобил, ја ставиле во гепек, па ја фрлиле во депонија: Језиви детали од убиството на малата Данка