Лекарот Ацо Трповски бил убиен на друго место а не во неговиот автомобил

206

Во врска со мотивите за убиството, односно дали тие се поврзани со професијата на жртвата или за нешто друго, дополнителниот заменик-министер изјави дека тие сè уште не се откриени до крај.

Шеесет и седумгодишниот лекар, кој пред две недели беше пронајден избоден до смрт на паркинг во близина на поликлиниката „Железара“, не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајдено неговото безживотно тело, туку бил донесен во него, изјави денеска за „Слободен печат“ дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада Митко Бојмацалиев.

Тој не сакаше да открива повеќе детали во врска со новите сознанија за, како што рече, да не ја наруши истрагата која и натаму е во тек и во рамките на која полицијата сè уште работи и собира информации од терен.

„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, рече Бојмацалиев.

Во врска со мотивите за убиството, односно дали тие се поврзани со професијата на жртвата или за нешто друго, дополнителниот заменик-министер изјави дека тие сè уште не се откриени до крај.

Безживотното тело на лекарот, како што соопштија тогаш од Министерството за внатрешни работи, беше пронајдено доцна вечерта на 21 март во неговиот автомобил, марка „киа“ на паркинг пред поликлиниката „Железара“. Според информациите на полицијата и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, телото го пронашле членови на неговото потесно семејство кои тргнале да го бараат откако тој не се вратил дома од работа.

Еден ден по пронаоѓањето на убиениот лекар на паркингот пред поликлиниката можеа да се забележат траги од крв кои најверојатно се од местото каде бил паркиран автомобилот на убиениот лекар.

На 25 март ТВ Телма, повикувајќи се на изјава од МВР, објави дека во рамките на истрагата во тие неколку дена биле извршени разговори со повеќе од 15 лица и прегледани снимки од 40 камери, меѓу кои и оние од системот „Безбеден град“.

Претходна вестБојмацалиев: Сакам да ги демантирам дел од медиумите, МВР се уште ги нема приведено напаѓачите на градоналникот на општина Арачиново
Следна вестШТО ВИДЕЛ БРАТОТ НА ДАНКА? „Не се оддалечила сама и никоj не ја киднапирал“