Градежници од Косово го преплавија Скопје – градат куќа за само 7 дена, наплаќаат 300 евра по квадрат

431

Во последно време, градежни работници од Косово станаа популарен избор за градење на куќи и викендици во Скопје.

Овие работници, кои доаѓаат од различни делови на Косово, нудат квалитетни услуги по привлечни цени.

Клуч на рака за кратко време

Денар разговараше со еден од градежниците од Феризај, кој заедно со уште 7 колеги пристигна во скопско Кучково.

Тие градат викендици по принципот „клуч на рака”.

Процесот е едноставен: клиентите само треба да постават фундамент (плоча), а потоа градежниците се грижат за завршувањето на работата.

Викендицата, како што велат, ќе биде готова за само 5 до 7 дена. Градежниците користат свој материјал, вклучувајќи изолација, ПВЦ прозори и врати, ОСБ табли, гипс-картон, ламинат…

„Ваше е само да поставите фундамент, односно плоча, а потоа оставете да си ја завршиме работата. Куќата ќе ви биде готова од 5 до 7 дена. Материјалот е наш, вие нема за што да се грижите. Објектите се монтажни, со изолација, ПВЦ прозори и врати. Цена на квадрат изнесува 300 евра и мислам дека на друго место не можете да најдете пониска цена. За една недела добивате клуч на рака и веќе можете да се вселите. Еве, во моментов работиме на викендичка од 30 квадрати која чини само 9.000 евра“, објасни градежникот.

Овие градежници од Косово се познати по брзината и ефикасноста во изградбата, а нивната понуда е конкурентна на пазарот.

Ги бие добар глас

Сопственик на викендичка во Скопска Црна Гора, кој лани ги ангажирал градежните работници од Косово, изразува задоволство од изработката.

Според него, овие работници се брзи, ефикасни и нудат квалитетна изградба.

За него, одлуката да ги ангажира градежниците од Косово бил успешен избор.

„Овие работници од Косово се брзи, ефикасни и нудат квалитетна изградба. За мене, одлуката да ги ангажирам градежниците од Косово беше успешен избор. Викендицата која ја добивме е прекрасна – со современ дизајн, добра изолација и квалитетни материјали. Сега можеме спокојно да уживаме во неа, знаејќи дека е изградена од професионалци”, рече Зоран Петрушевски од Скопска Црна Гора.

извор: denar.mk

Претходна вестУжас ја потресе Македонија: Полицијата запрела возило за контрола, па во нив се забил автомобил
Следна вестТага и неверување ги потресе сите во Македонија: Почивај во мир Билјана