Николовски: Даваме збор за 1,35 милијарди евра историски највисока финансиска поддршка во земјоделството во следните четири години

200

Даваме збор за историски највисока финансиска поддршка во земјоделството. Во следните 4 години вложуваме една милијарда и триста педесет милиони евра за субвенции и за инвестиции во модернизација. 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат, рече коносителот во ИЕ 3 и министер за земјоделство, Љупчо Николовски на денешната презентација на програмата за европска иднина.

– Од 2025 година обезбедуваме систем за целосно електронско аплицирање, а од 2027, по примерот на зелената нафта, воведуваме земјоделски картички, на кој дел од субвенциите земјоделците ќе ги добиваат намеснки за набавка на репроматеријали, рече Николовски.

2024 година е година во која фокусот го насочивме кон поддршка на сточарството.

– Така продолжуваме и во следните четири години. До 2028 година, двојно го зголемуваме буџет во сточарско производство, од досегашните 35 на 70 милиони евра годишен буџет, рече Николовски.

До 2028 година повеќе извоз од увоз на храна!

– Имаме конкретен план за да обезбедиме рекорно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1.5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи, кој ќе достигне 1,25 милијарди евра, рече Николовски

Тој додаде дека во следните четири години земаме обврска, да вложиме нови 100 милиони евра во руралниот развој. Поддршка во веќе докажаните мерки на набавка на приплоден добиток, мерката бизнис план и поддршка во набавка на механизација.

-Во наредните 4 години вложуваме 200 милиони евра, за брани и системи за наводнување, со кој обезбедуваме наводнување, до нови над 21.000 хектари. Испишуваме и нова успешана ИПАРД 3 приказна, во која за следните четири години вложуваме 200 милиони евра во иновации, модернизација и развој, рече Николовски.

Македонските семејни винарии и нивниот раст се новиот бренд и имиџ на државата.

-Грант поддршката за нови мали семејни винарии и мали производители на храна ја зголемуваме од 10.000 евра на 15.000 евра, за малите дестилерии ја зголемуваме, од 5.000 евра на 10.000 евра. Најавуваме нова програма, со поддршка од 10.000 евра за семејните домаќинства во рурални предели, за развој на винскиот и рурален туризам со можност за ноќевање и угостителски услуги, рече Николовски.

Претходна вестЛукаревска најави нешто што го очекуваа сите: Воведување данок на луксуз и ревизија на сите дипломи
Следна вестСкопјанец ја пријавил сопругата дека го нападнала