Лукаревска најави нешто што го очекуваа сите: Воведување данок на луксуз и ревизија на сите дипломи

276

Без континуиран фокус на европскиот пат и членство во Европската унија ниту една програма не може да се исполни, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој во обраќањето даде гаранција дека во 2028 година во земјава минималната пензија ќе биде 20 илјади денари, а просечната пензија 30 илјади денари. Дополнително, како што рече Ковачевски, предвидуваме новогодишна поддршка од шест илјади денари за секој пензионер.

„Мотивирани сме да чекориме цврсто по европскиот пат, да продолжиме напред, да не се откажеме. Да не губиме надеж. Да се осмелиме да веруваме во подобра иднина, подобра иднина за граѓаните, за државата и истата да ја обезбедиме. На овие избори ќе победи идејата за подобра европска иднина, на овие избори коалицијата за европска иднина ќе ја добие довербата на граѓаните да формира нова про-европска влада на Македонија“, вели Димитар Ковачевски.

Пред присутните свои обраќања имаа сите носители и коносители на листите за пратении од шесте изборни единици.

„Свесни сме за успехот и имаме план како да продолжиме понатаму. И од тоа не се откажуваме“, порача Оливер Спасовски.

„Одливот на кадар е предизвик за целиот регион. Многу од нашите таленти ја бараат својата можност во странство. Веќе започнавме успешен процес на обезбедување европски услови за работа на нашите здравствни работници преку покачување на платите“, вели Венко Филипче.

„Покажавме и докажавме дека се грижиме за сите тоа се нашите принципи и нашите вредности. Продолжуваме затоа што сега е време за подобро и повеќе“, порача Јована Тренчевска.

Заменик претседателката Сања Лукаревска најави воведување данок на луксуз и богатство и извршување на ревизија на сите дипломи, а потпретседателот Битиќи воведување на електронска лична карта и 0% данок на личен доход за минимална плата.

Коалицискиот договор со СДСМ, во средата, го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО народна партија, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор, додаваат од партијата, се приклучило и Движењето нова република.

Претходна вестБРИКС ја покани Србија на следниот самит, Вучиќ остава отворена можност да се сретне со Путин
Следна вестНиколовски: Даваме збор за 1,35 милијарди евра историски највисока финансиска поддршка во земјоделството во следните четири години