Осумгодишно девојче било вшмукано во одвод на базен, очајната мајка го тужи хотелот (ВИДЕО)

713

Полицијата во Хјустон, Тексас, ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело било пронајдено во голема цевка во хотелски базен каде што таа пливала со семејството.

Институтот за форензички науки на округот Харис одлучиле дека смртта на Алија Јаико е случајно давење.

Велат дека таа починала од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некого да дише. Се чека извештај од обдукцијата.

Полицијата соопштила дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пишува The Guardian.

Меѓутоа, нејзината мајка, Даниела Јаико, поднела тужба против хотелот, тврдејќи дека детето било вшмукано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.

Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу 6 метри длабоко во цевката.

„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на нејзината мајка, на прес-конференција.

Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од 1 милион долари додека полицијата го истражува случајот.

Адвокатот на семејството изјави дека мајката на Даниела го вклучила алармот околу 14 часот и 50 минути веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.

По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството „го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.

Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.

Базенот бил исцеден и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.

Полицијата во Хјустон соопштила дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на дете“.

„Истрагата продолжува“, додаде портпаролот.

Претходна вестАпасиев: Од Гоце Михајловски ПОГЛУП е само Иван Мирчевски
Следна вестДевојка од Свети Николе тешко повредена во Скопје – во нејзиниот велосипед удрил автомобил