Потрагата по двегодишното девојче во Србија се проширува

319

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ се проширува и на населените места околу Бањско поле, соопштија српските власти по речиси 24 часовното трагање по неа.

Околината ја пребаруваат припадници на локалната полиција, Жандармеријата, горската служба за спасување како и граѓани доброволци од ловечки друштва, кои по синоќешната хаотична потрага денеска полицијата ги организира во групи од 20 луѓе со кучиња трагачи.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека во интерес на безбедноста на девојчето засега нема да излегува со детали за потрагата, во која според нив учествуваат повеќе од 1.000 луѓе.

Властите ги повикаа сите сопственици на викендички околу населените места да дојдат и да ги отворат своите објекти за да бидат пребарани, за да се отстрани секаков сомнеж.

Локалните жители се збунети и стравуваат дека девојчето е киднапирано со возило, поради што полицијата постави повеќе пунктови на кои ги пребарува возилата во околината.

Претходна вестСе огласи дедото на исчезнатата Данка: Раскажа работи кои малкумина ги знаат
Следна вестВРЕМЕТО МИНУВА: Одземен телефонот на мајката на Данка и пратен на вештачење, станува критично за исчезнатото девојче