Избоден директорот, ученик тешко повреден со чекан – Избоден директорот, ученик тешко повреден со чекан

173

19-годишен Грузиец влегол во 41-та Гимназија во атинската населба Кипсели и мавтајќи со чекан и нож во раката повредил ученик од Нигерија како и директорот на училиштето.

Инцидентот се случил утрово околу 8:30 часот. Според информациите, причината за нападот е поврзана со расправијата што братот на напаѓачот ја имал со ученикот од Нигерија.

Двете деца претходно се скарале и денес постариот брат решил да се одмазди. Влегол во училиштето и со чекан го претепал ученикот од Нигерија, пред да го избоде директорот на училиштето.

На местото на настанот е уапсен насилникот, а грчката полиција изврши увид додека здравствените власти соопштија дека 60-годишниот директор на училиштето, како и 17-годишниот ученик имаат повреди на черепот, торзото и стомакот.

Претходна вестХоспитализирана мајката на убиениот тинејџер од Прилеп: Се задолживме за да го погребаме син ми!
Следна вестТажната вест брзо се прошири: Почина Слаѓана Милошевиќ