Во близина на Европскиот парламент во Брисел денеска избиле судири меѓу Турците и Курдите, јавуваат локални медиуми.
Демонстрациите беа овластени и повикани од претставници на курдската заедница во Белгија, кои протестираа против нападот врз нив од страна на турската заедница синоќа во град во близина на Лиеж.
Снимките од местото на денешниот инцидент покажуваат дека наеднаш учесниците на настанот покажале агресија и настанала масовна тепачка во која се приклучиле дури и лица облечени во жолти елеци со натпис „Обезбедување“. Полициските службеници се обиделе да спречат ескалација на инцидентот и употребиле солзавец. На снимките се гледаат полесно повредени полицајци и демонстранти. На настанот учествуваа околу 200 луѓе.
Причина за денешниот инцидент е синоќешниот напад, кој, според Курдите, го извршиле турски екстремни националисти поврзани со организацијата „Сиви волци“. Курдите го обвинуваат турскиот претседател Реџеп Ердоган за случајот и ги повикаа денешните демонстрации пред ЕП за да се изјаснат против „пасивноста на ЕУ“ во однос на шефот на турската држава. Според нив, синоќа биле нападнати од стотина Турци, бидејќи во нивните автомобили имало курдски знамиња.
Претходно овој месец, белгискиот премиер Александар де Кро привлече критики од Турција откако изрази почит кон муслиманите во земјата и се приклучи на традиционалната вечера за ифтар во Антверпен. Медиумите прецизираа дека вечерата била на покана на Ѓуленистичкото движење во Белгија, а тоа станало причина турското МНР да го повика белгискиот амбасадор во Анкара. Од кабинетот на белгискиот премиер појаснија дека Де Кро не учествувал на вечерата за политичка цел.
In Belgium, Kurds in Brussels retaliated against alleged attacks by Turks on Kurdish families celebrating Newroz, the spring celebration. pic.twitter.com/n8IfFHtNiA
— Aprajita Nefes 🦋 Ancient Believer (@aprajitanefes) March 25, 2024