ВОНРЕДНА ВЕСТ ОД РУСИЈА: Во Москва е евакуирана болница со пациенти од Крокус поради закана за бомба

280

Во Москва поради закана за бомба евакуирани се 700 лица од болницата во која се лекуваат жртвите од терористичкиот напад во „Крокус сити хол“, објави рускиот портал Маш.

Се истакнува дека писмото за можна експлозија е испратено по пошта до Националниот медицинско-хируршки центар Пирогов.

Во известувањето се наведува дека се работи за импровизирани експлозивни направи од фосфор со 40-минутен тајмер, кои наводно се сместени во четири ранци на неколку ката од медицинската установа.

Луѓето се евакуирани од зградата, а на лице место пристигнале и службите за итна помош.

Пациентите и персоналот на Пирогов се евакуирани, изјави директорот на центарот Олег Карпов за РИА Новости.

„Евакуацијата е извршена, пациентите и персоналот се преместени на безбедно растојание. Специјалните служби работат“, рече тој.

137 лица загинаа во петочниот терористички напад на концертната сала „Крокус сити хол“ во Подмосковље. Пред настапот на групата „Пикник“, вооружени лица влегле во салата и отвориле оган кон присутните.

Потоа имало експлозии и избувнал пожар. Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка во врска со терористичкиот напад.

Претходна вест12 повредени меѓу кои три деца – тешка сообраќајна несреќа пред неколку моменти ја потресе Македонија
Следна вестДали интимните односи за време на постот се грев? Многумина се во голема дилема, а еве што велат поповите