Стружанец и кичевец си ги истепале сопругите, полицијата ги приведе

Два случаи на семејно насилство се евидентирани вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Вчера во 22.45 часот, бил приведен четириесет и тригодишниот Р.Б. од Кичево затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

Неколку часа претходно, во Струга, бил приведен четириесет и деветгодишен маж кој во својот дом ја натепал сопругата.

Против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Претходна вестСветски ден на шумите – Стартува акцијата за пошумување БОРЕНКА
Следна вестНадежите на Македонија 45 минути не можат да им дадат гол на аматерите од Гибралтар