Светски ден на шумите – Стартува акцијата за пошумување БОРЕНКА

290

Денеска е 21-ви март, Светскиот ден на шумите и биодиверзитетот.

-На овој ден укажуваме на важноста на шумите и потребата од зачувување и одржливо управување со ова наше национално богатство. Токму затоа денеска, по повод Денот на шумата и отпочнување на пролетта, заедно со Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia ќе земеме учество во акцијата за пошумување БОРЕНКА, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

– Акцијата за пошумување БОРЕНКА е дел од големата акција за пошумување АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО. Преку оваа акција ќе се пошумува месноста Богословец, во околината на Свети Николе, засадувајќи 5.000 садници од видовите бор, даб и багрем. Да бидеме одговорни, и да ги чуваме шумите! Тие се нашиот дом, порача Николовски.

претходниот член,МВР вложи три милиони евра во специјални возила за надзор на границите, тврди Бојмацалиев
Следната статијаСтружанец и кичевец си ги истепале сопругите, полицијата ги приведе