Штипската јавност бара одговори: Градоначалникот Јорданов јавно да одговори – каква е неговата поврзаност со последните криминални дејствија

217

Прес-конференција, Трајче Стојчевски:

-Пред неколку денови поставивме јасни прашања до градоначалникот Иван Јорданов, во врска со мега скандалот за нафта тежок 18 милиони денари.

-Како и вообичаено градоначалникот Јорданов сака да зборува за сѐ, освен она за што е посочен од граѓаните. Заради тоа, во интерес на штипската јавност, повторно го повикуваме градоначалникот Иван Јорданов и неговата десна рака Вишна Шорова Ангелова, да излезат пред штипјани и да го разјаснат случајот со скандалот за нафтата во кој се вклучени нивните најблиски соработници и сопартијци.

Јавноста и штипјани чекаат одговор за тоа:

Кој го потпишал договорот за јавна набавка на нафта со компанијата чии сопственик и управител се прво – и второосомничени во поднесената кривична пријава ?

Од кога е вработен во Општината третоосомничениот А.М. и кој му дал овластување за контрола на прием на нафта за греење во училиштата?

Градоначалниче Јорданов,

Поминаа две ипол години од вашиот мандат, а единствено по што сте препознатлив се сомнителни јавни набавки како и кадровски промени со партиска позадина.

Наместо огромен градски парк со езерца и содржини за спортување кај Мирјанина црква – Директорка на детска градинка која злоупотребила службена должност и го оштетила буџетот.

Наместо изградба на достоинствено место за престој на улични животни -Дозвола за изградба на дивоградба во објект чии сопственик е сопругот на Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова.

Наместо поставување на подземни контејнери – Покачување на локалните давачки кон граѓаните.

Наместо реконструкција на Бања Кежовица – Кривична пријава за шоферот на градоначалникот, за вмешаност во скандалот со нафта.

Наместо подобрување на хигиената во градот – Промена на директорските позиции во јавните претпријатија со цел задоволување на партиските апетити.

Градоначалниче Јорданов, Границата помеѓу неажурноста и неспособноста е тенка колку и асфалтот со којшто ги шминкате штипските улици.

претходниот член,(ФОТО) Бројките јасно кажуваат: Рекордна сума на прилив од извоз на македонско вино – успех на МЗШВ
Следната статијаРекорден извоз на зелка во 2023 година, се продавала по највисока цена досега низ целиот свет