Малолетник од скопски Љубин вчера бил доведен со тешки телесни повред во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Неговата мајка пријавила дека на 1 март околу 12.50 часот во Сарај тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје.
С.Б. пак дал изјава дека малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.