Голема трагедија – Фудбалер загина во страшна сообраќајна несреќа

Мексиканскиот фудбалер Диего Чавез (28) загина во средата наутро, на Денот на вљубените, во сообраќајна несреќа во татковината!

Последен негов клуб беше Хуарез, за ​​кого популарната „Пума“ минатата сезона одигра 46 натпревари и постигна три гола.

Токму овој мексикански клуб ја извести јавноста дека Чавез е мртов.

Со длабока тага ја известуваме целата заедница на Хуарез дека нашиот играч Диего Пума Чавез загина рано наутро на 14 февруари во сообраќајна несреќа – се вели во соопштението, додека медиумите пишуваат дека тој со својот автомобил удрил во столб на раскрсница.

Во 2015 година Чавез излезе на големата сцена и играше за Веракруз.

Претходна вестБОМБА: Се враќа на голема врата – Шекеринска кандидат на СДСМ за претседател на Македонија?
Следна вестШто се случува, на лошите вести им нема крај: По велосипедист, за неколку часа прегазен и пешак на истиот пешачки премин кај поликлиника Бит Пазар