Маж си ја запалил куќата, го зафатил и него – скокнал во базен, каде загинал: Тешка несреќа ја потресеМакедонија

315

Регионалниот ЦУК Штип извести дека има една човечка жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста Реката.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска, во периодот од 7.20 до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица, во месноста Реката. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата, што била во негова сопственост.

„Според првичните информации од терен, по палењето на куќата, жртвата и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во кој и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментно на самото место се врши увид од страна на надлежни органи и институции“, додаваат од ЦУК.

Претходна вестЛевица откри: ОВА е нашиот кандидат за претседател на државата
Следна вестИма и ПОВРЕДЕНИ – Македонски камионџија влета во куќа, ситуацијата не е добра