ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА – во пожарите кои ја зафатија Македонија, лошата вест ја потврди и ЦУК

248

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Ранковце пронашле настрадано лице при гаснењето на пожар на отворено при интервенција синоќа во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.

Настраданото повозрасно лице го загубило животот најверојатно заради гушење од чад.

На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.

Од десетина пожари на отворено во последното деноноќие како активни се три: над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на панината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип).

претходниот член,Нема играчка со грипот – Епидемија во Скопје решение на проблемот: Се огласи и доктор Лазаров
Следната статијаЛевица откри: ОВА е нашиот кандидат за претседател на државата