Извори од истрагата откриваат: Близок човек на Таравари го оставил куршумот во неговиот двор – ова се деталите

206

Куршумот што утрово се појави во дворот во семејната куќа на гостиварскиот градоначалник и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најверојатно се поврзува со негов близок човек, пренесува Утрински весник.

Ова се првичните неофицијални сознанија што ги споделуваат извори блиски на истрагата.

Се уште не се знае дали човекот близок до Таравари преку ноќ му свртел грб или пак се работи за однапред договорено сценарио.

Откако синоќа луѓе на Таравари нападнаа високи функционери на Алијанса за Албанците, тензијата во партијата е се поголема, а денес одредени медиуми веќе пишуваа дека во сабота на Централното претседателство на Алијанса, претседателот на ова тело Зијадин Села би можел да иницира смена на првиот човек на партијата Таравари, а потоа да побара и смена на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити кои доаѓаат од оваа партија.

Извор: Утрински весник

Претходна вестСтудентите и учениците денес убаво изненадени: На нивните сметки легнаа пари – еве за што се работи
Следна вестМакедонија вечерва нема да спие мирно: Глетката е ужасна, големиот пожар брзо се шири – теренот е лош, тешко може да се интервенира