УЖАС утринава го разбуди светот: Стратна несреќа во кој загинаа над 100 луѓе и уште повеќе исчезнати – вакво нешто не се памети во Чиле

338

Најмалку 112 луѓе загинаа во шумските пожари во регионот Валпараисо во Чиле, а стотици се водат како исчезнати. Претседателот Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе бидат ангажирани сите потребни ресурси за справување со најголемата природна катастрофа во земјата од земјотресот во 2010 година.

„Ова е трагедија со многу голема мангнитуда“, изјави Бориќ, откако за еден ден бројот на загинати порасна од 51 на 112.

Властите сметаат дека ова е најсмртоносниот пожар во историјата на Чиле. Многумина од погодените биле во посета на крајбрежниот регион за време на летните одмори.

Спасувачките екипи се мачат да стигнат до најтешко погодените области, а министерката за внатрешни работи Каролина Тоха изјави дека бројот на загинати ќе биде многу поголем.

Пожарот, кој доби на сила во петокот, збриша цели населби. Властите проценуваат дека досега се оштетени или уништени меѓу 3.000 и 6.000 домови, а изгорела и познатата ботаничка градина во градот Виња дел Мар, основана во 1931 година. На терен се распоредени околу 1.400 пожарникари, а помага и војската.

Претходна вестРаботата не изгледа добро: Директор нападнат со кундак во Тетово – пресметката добива нов тек
Следна вестГолема трагедија, го победи ракот – а потоа се самоуби: Најблиските се опростуваат од него