Голема драма на Онкологија: Полицијата има важна акција – еве за што се работи

287

Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомненија дека се дел од аферата Диво месо, познат во јавноста како скандал онкологија.

Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.

Според нашите информации, претреси се веќе направени кај Н.Н., Е.Џ. и Н.В.. Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од обвинителството за денешните претреси.

Претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомненија дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија.

Станува збор за најголемата здравствена афера во која се вклучени вработени на клиниката за онкологија, кои наместо да ги лекуваат пациентите, им давале физиолошки раствори, а лековите ги препродавале на црниот пазар.

Во септември обвинителството отвори предистрага, која до ден денес нема никаков епилог.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан:

Претходна вестЦела држава вознемирена од веста: Од грип почина 20-годишна девојка
Следна вестУАПСЕНИ се неколкумина лекари ова утро на Онкологија – дознајте ги сите детали за акцијата