Тага, жал и неверување – Почина Тони Димитровски

380

Тага, жал и неверување. Веста која ја потресе државата, особено градот Штип. Животот го загуби Тони Димитровски или на многумина познат како Папата.

На 51-годишна возраст утрово во Штип почина бизнисменот Тони Димитровски-Папата, сопственик на компанијата Хамачи, објави локалната телевизија Стар.

Повеќе од три децении, Димитровски го градеше бизнисот на повеќе полиња и за целиот период бележеше огромни резултати, велат неговите сограѓани.

Спаѓа во редот на најголемите бизнисмени не само во Штип, туку и пошироко, давајќи пример како еден млад човек тргнувајќи од ништо може да создаде голема лична и професионална сатисфакција, пренесува ТВ Стар.

Димитровски освен како успешен бизнисмен, беше познат и како сопственик на компанија која покажуваше голема општествена одговорност, а тој самиот беше донатор во многу хуманитарни акции.

Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата и пријателите.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

Претходна вестВеста која ги вознемири сите, како можел да го стори тоа: Полицаец ги убил 12-годишниот син и сопругата, па се самоубил – вакво нешто не се памети
Следна вестИмал договорени свирки до крајот на јануари: Почина познатиот македонски пејач – колегите се простуваат од него на социјалните мрежи